Се приближува објавата на Samsung Galaxy Z Flip 5G телефонот, кој би можел да биде претставен 5. август, а во меѓувреме се појавуваат се повеќе сертификати и информации за уредот.

Bluetooth Launch Studio сертификат не открива нови детали за уредот, но потврдува Bluetooth 5.0 конекција за Galaxy Z Flip 5G. Исто така, листингот споменува дури шест модели на овој преклопен флексибилен телефон: SM-F707U, SM-F707W, SM-F707U1, SM-F7070, SM-F707U_SPR и SM-F707B.

Последниот модел од оваа листа неодамна беше забележан на Geekbench листинг, со Snapdragon 865 чипсет, 8GB RAM и Android 10 софтвер.

Гласините сугерираат и дека Galaxy Z Flip 5G ќе пристигне во нова браун боја, додека остатокот од спецификациите би можеле да бидат слични на 4G верзијата на уредот.