Сфаќајќи дека губи уште еден дел од пазарот, Intel почна кампања која многумина ја проценуваат, во најмала рака, како нефер, но и како очајнички потег. Имено, во серијата реклами кои почна да ги објавува на Twitter, Intel ги акцентира работите кли не можат да се направат на Mac со M1 чип, додека на PC се вообичаена работа. Во една од рекламите е спомената играта Rocket League, која не е достапна на платформата на Apple, додека во втората го споменува недостатокот на тачскрин на Mac компјутерите. Каква врска има тоа со процесорите на Intel, не успеавме да дознаеме, но ни изгледа како „фаќање за сламка“ на Intel, пробувајќи да укаже на буквално сите „недостатоци“ на конкурентската платформа.
Only a PC can power scientists and gamers alike. #GoPC
— Intel (@intel) February 10, 2021
M1 чиповите на Apple докажаа дека имаат импресивна брзина и ефикасност, па Intel проба да докаже дека и тука е подобар. Пред една недела ја лансираше серијата „внимателно избрани и составени“ тестови кои се дизајнирани да докажат дека 11. генерација на нивни процесори се подобри од M1 чиповите. Луѓето блиски до Apple ги опишаа овие тестови како „M1-unfriendly“, бидејќи во нив се потенцирани само оние работи што се подобри на процесорите на Intel.
Only a PC offers tablet mode, touch screen and stylus capabilities in a single device. #GoPC
— Intel (@intel) February 2, 2021
Apple планира во следните две години целосно да премине на сопствени чипови и потполно да се ослободи од Intel на полето на процесори, па ваквата реакција на Intel изгледа како почеток на голема кампања, но и како потег кој корисниците го окарактеризираа како очајнички.