Минатата година, Nvidia објави дека постигналa договор за купување на ARM од SoftBank за 40 милијарди долари. Се разбира, ваквите големи аквизиции мора да поминат низ разни регулаторни процеси и да добијат одобренија пред да бидат завршени. Овој процес им дава можност на конкурентските компании да изразат загриженост за аквизицијата и како би можело тоа да влијае на нивниот бизнис.

Во случајот на Nvidia и ARM, токму Qualcomm е тој што се спротивставува на оваа аквизиција. Според достапните извори, Qualcomm бил во контакт со регулаторните тела ширум светот во обид да го блокира договорот помеѓу Nvidia и ARM. Листата на регулатори ги вклучува американскиот FTC, Европската комисија и Kинеската државна управа за регулација на пазарот.

Qualcomm не ги коментираше јавно своите напори во оваа област, но Nvidia истакна дека е уверена дека регулаторите на крајот ќе го одобрат договорот

Во овој момент, Nvidia/ARM договорот се истражува во САД и Европа за да се утврди дали може да формира монопол и да и наштети на конкуренцијата. Овој процес се очекува дека ќе трае најмалку неколку месеци.