Samsung претстави три нови Windows лаптопи, кои ги карактеризираат солидни перформанси и практичен дизајн. Samsung Notebook 5 пристигнува со 15,6-инчен 1080p екран и метално куќиште, додека другите два модела се од Notebook 3 линијата – еден со 14-инчен екран, а другиот со дисплеј од 15,6 инчи.

Спецификациите на лаптопите се воглавно идентични и вклучуваат избор помеѓу осмата или седмата генерација Intel Core процесори, а премиум моделите имаат и дискретни Nvidia графички картички. Опциите за складирање вклучуваат SSD или SSD + HDD за Samsung Notebook 5 од 15,6 инчи. Капацитетите на батеријата изнесуваат 43Wh.

Со оглед на тоа дека се работи за практични лаптопи, опремени со целосни тастатури со numpad-ови, ергономски копчиња и широк тракпад. Екраните имаат anti-glare заштита и Samsung Color Engine.

Samsung Notebook 3 и Notebook 5 најпрвин овој месец ќе бидат достапни во Јужна Кореја, а потоа пристигнуваат глобално во текот на второто тримесечје.