Samsung Galaxy S21 се најде во лабораторијата на популарниот сајт iFixit, каде што беше расклопен и доби оценка за поправка 4/10. Иако Galaxy S20 не доби официјален рејтинг од сајтот, годинашниот премиум модел е јасно полесен за сервисирање.

Пластичната задна страна полесно се отстранува од стаклениот панел и нема страв од кршење. Рамниот екран е исто така полесен за отстранување, а помага и тоа што кабелот за дисплејот може да се одвои.

Нешто понискиот резултат на поправање е затоа што замената на батеријата и самиот дисплеј и натаму е многу комплицирана. Samsung со лепак ги прицврстува батериите во своите телефони, така што нивната замена не е лесна.

Во видеото на iFixit може да се видат повеќе детали, вклучувајќи ја и споредбата на новиот сензор за отпечатоци со оној на Galaxy S20 моделот .