Realme го претстави својот нов достапен телефон, наречен V11 5G. Уредот го користи Dimensity 700 чипот, има две камери на задната страна и го напојува батерија од 5000mAh.

Од предната страна се наоѓа 6,52-инчен LCD-екран со засек и 8MP камера. Резолуцијата на екранот е HD+ со 20:9 однос на страните, додека брзината на освежување изнесува 60Hz. Сензорот за отпечатоци се наоѓа во копчето за вклучување, од страна на рамката на телефонот.

Realme V11 5G има две камери на задната страна – главна од 13MP и сензор за длабочина од 2MP. Исто така постои и LED блиц. Телефонот го напојува батерија од 5000mAh, со поддршка за 18W полнење преку USB-C порт. Оперативниот систем е Android 11. Присутни се и 3,5 мм порт, Bluetooth 5.1 и најновите Wi-Fi 802.11 стандарди.

Телефонот пристигнува само во една варијанта, со 4 GB RAM и 128 GB простор за складирање, а достапен е во сина или сива боја. Во Кина се нуди по цена од околу 185 долари.