Фотографијата се појави на Weibo мрежата, а ги објави познатиот дојавувач Ice Universe, кој открива дека претстојниот Galaxy S22 ќе изгледа многу слично на серијата Galaxy S21 серијата, кога е во прашање задниот дел на уредот. Се чини дека стандардниот модел има идентичен општ дизајн, освен што доаѓа со сјајна завршница – наместо мат завршната обработка што моментно се наоѓа на Galaxy S21 серијата.

Се чини дека сè друго изгледа идентично, три камери, посебен LED блиц, па дури и логото на Samsung на дното. Претходно известивме дека Galaxy S22 може да биде достапен во вкупно четири бои, вклучувајќи розово златна, зелена, црна и бела, но како и секогаш со уредите на Samsung, повеќе бои може да станат достапни во текот на специјални настани и соработки со други компании. Слушнавме и дека S22 и S22 Plus ќе имаат простор за складирање од 128GB и најмалку 8GB RAM меморија.

Претходните гласини сугерираа дека претстојните флегшип уреди би можеле да бидат опремени со Snapdragon 8 Gen 1 или Exynos 2200 чипсети, иако тоа ќе зависи од регионот. Се шпекулира и дека Galaxy S22 серијата ќе чини приближно колку и Galaxy S21 уредите, и дека овој пат можеби ќе бидеме поштедени од зголемување на цената.