Apple не престанува да бележи добри резултати кога станува збор за продажбата, а бројките пораснаа откако iPhone 12 се најде во продажба.

Тим Кук за Reuters изјави дека растот на продажбата во Кина беше клучен во претходниот период, истакнувајќи дека продажбата на iPhone 12 уредите постигна рекорди.

Финансискиот директор Лукас Маестри соопшти дека во моментов во употреба се дури 1,65 милијарди модели на iPhone, што е навистина импресивна бројка.

Овој квартал за Apple беше многу успешен бидејќи компанијата заработи повеќе од 111 милијарди долари.

Извор: B92.net

Apple продаде рекорден број iPhone уреди со приход од 111 милијарди долари