Samsung минатата недела ја имаше својата голема презентација, кога на Unpacked настанот во Сан Франциско ја претстави Galaxy S10 серијата и Galaxy Fold моделот на преклоп, но компанијата сочува нешто и за овонеделната презентација на Мобилниот конгрес во Барселона. Јужнокорејската компанија официјаализираше два смартфона од средниот сегмент – Galaxy A50 и Galaxy A30.

Телефоните пристигнуваат со големи 6,4-инчни Super AMOLED Infinity-U дисплеи. Ова значи дека покрај вообичаените рамки од страна и во долниот дел, смартфоните ќе имаат мал notch (засек) во облик на буквата U, каде што е сместена предната камера за двата уреда. Galaxy A50 е опремен со 25 MP предна камера, додека Galaxy A30 има 16 MP селфи камера.

На задната страна, исто така, се забележчиви разлики во системот на камери. A50 има примарен 25MP сензор (f/1.7), 8MP широкоаголен сензор и 5MP depth сензор. Од друга страна, A30 има 16MP главна камера (f/1.7), а ја следи 5MP широкоаголен сензор, додека depth сензорот не е вклучен во системот. Во случајот на двата модела, камерите пристигнуваат со AI подобрувања. На задната страна од А30 моделот се наоѓа и сензор за отпечатоци од прсти, додека A50 користи сензор во рамките на екранот.