Најновиот телефон на Samsung што го добива Andriod 11 и One UI 3.0 ажурирањето е Galaxy Note10 Lite. Минатогодишниот достапен Note моделсега го добива N770FXXU7DUA8 ажурирањето, како и безбедносна закрпа за јануари.

Ова претставува прва голема надградба на оперативниот систем Note10 Lite, кој се појави на пазарот со Android 10. Врз основа на ветувањето на Samsung и три генерации на ажурирања на оперативниот систем, телефонот би требало да добие најмалку уште две големи надградби на Android.

Andriod 11 и One UI 3.0 ажурирањето  за Galaxy Note10 Lite моментално е забележано во Франција, а наскоро треба да се прошири и во други региони.