Само од продажбата на iPhone во последните три месеци, Apple оствари приход од 65 милијарди долари, а постигна пораст на продажбата во сите категории.

Во првата половина на годината, ситуацијата за технолошките компании (како и за целиот свет) изгледаше доста катастрофално и апокалиптично. Карантинот и привременото запирање на работата во кинеските фабрики каде што се произведуваат и склопуваат најголем дел од светската потрошувачка електроника, укажува дека ова може да биде година да за заборав, што треба само да се преживее.

Тоа можеби може да се каже за бројни глобални компании, за кои 2020 година беше поразителна, но не и за Apple. Американскиот технолошки гигант ја заврши годината на најдобар можен начин, остварувајќи бројки за кои компанијата не можеше ни да сонува во март или април. Имено, во последните три месеци од 2020 година, Apple оствари двоцифрен раст во сите сегменти на бизнисот и приходите достигнаа неверојатни над 111 милијарди долари за периодот од октомври до декември.

Посебно импресивни резултати се забележани на пазарот на паметни телефони. Од продажбата на смартфони, претежно најновата генерација iPhone 12 – чија продажба почна подоцна во однос на минатата година, беа остварени речиси 60 проценти од вкупните приходи. Во споредба со ланската година, продажбата на телефони скокна 17 проценти, со што се остварени приходи од 65,6 милијарди долари. Со оглед на тоа што Apple повеќе не го објавува бројот на продадени уреди, мора да се потпреме на податоците од аналитичките компании, кои се разликуваат според бројот на продадени телефони, но се согласуваат во една работа – Apple во последниот квартал продал рекорден број на смартфони.

Според Counterpoint, бројот на продадени iPhone уреди изнесува 82 милиони, додека податоците на IDC се уште подобри и велат дека Apple продал 90,1 милиони паметни телефони, најмногу во историјата за еден квартал. Иако овие бројки се неверојатно, првиот човек на компанијата, Тим Кук во интервју за CNBC рече дека овие бројки можеле да бидат уште подобри, ако продавниците не биле затворени во некои делови од светот поради пандемијата. Да не беше пандемијата и затворањето, се чини дека бројот на продадени iPhone уреди можеше да се приближи до неверојатна бројка од дури 100 милиони телефони во еден квартал.