Корисниците сега ќе мораат да го потврдат својот идентитет користејќи биометриски информации, за да го поврзат WhatsApp профилот со компјутер или веб.

Компанијата, која е во сопственост на Facebook, го додаде ова ниво на заштита за своите апликации за да ги лимитира шансите некој друг да се поврзе со сметката без знаење или одобрување на корисникот. Сè додека телефонот што се користи има вклучена опција за отклучување преку сензорот за отпечатоци, WhatsApp ќе бара од корисникот да помине низ процесот на верификација, кога го линкува својот профил од десктоп или веб верзијата на апликацијата.

Откако услугата ќе го потврди идентитетот, ќе биде потребно скенирање на QR-кодот со телефон. Новата биометриска верификација е активна по дифолт и единствениот начин да не се покрене кога ќе се поврзе профилот е во целост да се исклучи опцијата за отклучување преку цртите на лицето или сензорот за отпечатоци од прсти.

WhatsApp истакнува дека нема да има пристап до биометриските податоци на корисниците, а процесот на верификација ќе се извршува преку оперативниот систем на телефонот.