Oppo официјално го претстави својот најнов премиум телефон Oppo Reno5 Pro + на кинескиот пазар.

Телефонот го карактеризира FHD+ AMOLED дисплеј, со дијагонала од 6,55 инчи. Екранот поддржува освежување од 90Hz, има HDR10+ поддршка, сензор за отпечатоци од прсти во екранот, како и селфи камера од 32MP.

Oppo Reno5 Pro+ го покренува Snapdragon 865 чипсет, со поддршка за 5G мрежи во SA и NSA режимите. Чипсетот доаѓа со 12GB RAM и простор за складирање од 256GB.

На задната страна на телефонот се наоѓаат четири камери, со 50MP главен сензор (Sony IMX766), 16MP ултра широк, 13MP телефото и 2MP макро сензор.

Уредот го напојува батерија од 4500MAh, со поддршка за 65W SuperVOOC 2.0 брзо полнење. Oppo Reno5 Pro+ се продава во Кина по цена од околу 612 и 688 долари, за варијанти од 8GB + 128GB и 12GB + 256GB.