OnePlus објави официјален видео тизер, кој го потврдува дизајнот на претстојната OnePlus 8 серија смартфони, но и Glacial Green бојата. Во прашање е една од очекуваните три верзии на бои во кои би требало да бидат достапни OnePlus 8 и OnePlus 8 Pro.

OnePlus 8, според претходно протечените информации, би требало да биде достапен и во Onyx Black и Interstellar Glow варијанти, додека OnePlus 8 Pro ќе има Onyx Black и Ultramarine Blue опции.

Новите OnePlus паметни телефони ќе бидат претставени на 14. април, со што се очекува дека третиот член на семејството – OnePlus 8 Lite или OnePlus Z ќе пристигне нешто подоцна во текот на годината по подостапна цена.