Oppo е најновиот производител на смартфони што ќе се испроба и на пазарот на паметните телевизори. Компанијата веќе претходно најави дека од неа би требало да очекуваме ТВ, а сега е објавен и официјалниот датум на претставување.

Смарт ТВ на компанијата Oppo ќе биде претставен на 19. октомври, на настан во Кина, а најавниот тизер не открива детали за претстојниот уред. Меѓутоа, благодарение на 3C сертификацијата, знаеме дека се очекуваат два телевизора – A65UB00 и A55UB00 со дијагонали на екранот од 65 и 55 инчи.

Според наводите на одредени извори, тизерот наводно сугерира дека ТВ уредите од некоја причина ќе поседуваат и селфи камера. Деталите ќе бидат познати како што се приближуваме до презентацијата, но се очекуваат 4K QLED панел со 120Hz освежување и MEMC чип.