Веќе знаеме дека Samsung планира да претстави нов буџетски таблет, наречен Galaxy Tab A7 Lite, за кој ги знаеме главните карактеристики и изглед. Сега имаме прилика за подобар увид во дизајнот на таблетот, кој се појави во сребрена боја.

Благодарение на новиот рендер, појасно можеме да ги видиме рамките околу екранот, предната камера и звучникот. Покрај тоа, фотографијата ја прикажува страната на уредот, кој на задната страна ќе има испакнатина за камерата. Копчињата за вклучување и јачина на звук се сместени од десната страна на рамката.

Нема нови информации за спецификациите, освен она што го знаеме од претходно. Samsung Galaxy Tab A7 Lite ќе има Helio P22T чипсет, 3GB RAM меморија, 8,4-инчен дисплеј (или 8,7-инчи според старите гласини) и батерија од 5100mAh.