Windows 10X е дизајниран, меѓудругото и да се грижи за безбедноста на корисниците, а на уредите би требало да пристигне во пролетта 2021 година.
Се уште не се знае многу за новата верзија на оперативниот систем, бидејќи сите информации доаѓаат од неодамна протечената верзија на Windows 10X. По тој повод, може да се дознае и за функцијата „Anti-theft protection“, наменета за да ги спречи крадците да бришат податоци од украдените уреди, за да можат да ги препродаваат. Имено, доколку некој Windows 10 уред е отклучен, секој може да пристапи до поставките и да ја злоупотреби опцијата „Reset this PC“, и уредот да го врати на фабричките поставки. Новата Windows 10X функција бара корисниците да се најават на системот преку нивната Microsoft сметк аили да внесат PIN пред уредот да се исчисти и подготви за продажба како да е нов.
Во рамките на Windows 10X, „Anti-theft protection“ може да се активира преку Settings > Anti-theft protection, што е посебно важно ако се има во предвид дека 10X верзијата на оперативниот систем е направена за преносни уреди кои можат лесно да се украдат. Microsoft претходно најави слична опција за Windows Mobile, а експертите истакнуваат дека би било логично да се појави во рамките на регуларниот оперативен систем Windows 10.