Компанијата Lenovo го објави 2-во-1 уредот Duet Chromebook, кој е базиран на оперативниот систем Chrome OS. Најевтината верзија на овој уред ќе чини само 279 долари.

Lenovo го изненади пазарот со новиот уред од 10 инчи, кој е заснован на Chrome OS оперативниот систем. Наречен е Duet Chromebook, и замислен да пртставува секундарен уред во работата. Она што е најпривлечно кај него е цената, која за основниот модел ќе изнесува 279 долари. За овие пари ќе добиете 4GB RAM меморија, 64GB простор за складирање податоци и MediaTek процесор. За 20 долари повеќе можете да добиете 128GB простор за складирање.

Ако се земе во обзир дека другите верзии и изданија на Chromebook од оваа година чинат повеќе од 700 долари, тогаш е јасно зошто ова е добар избор. Chrome OS не е оперативен систем како ChromeOS, и не му е потребна голема количина резурси, па експертите се надеваат и дека батеријата ќе има добро траење на новиот Duet Chromebook компјутер.

Што се однесува до остатокот на уредот, поседува тастатура и тракпад кои се прилично мали, но сепак употребливи штом ќе се навикнете на нив. Екранот е добар онолкунколку што е потребно да гледате видео снимки на YouTube. Тежок е околу 2 килограми и прилично едноставен за ракување, но и лесен за носење во ранец или торба.