Новиот вирус, наречен „VPNFilter“, ги напаѓа рутерите и хард дисковите, краде кориснички податоци и ги прави уредите неупотребливи. За опасноста предупредија специјалистите на „Циско Системс“.

Американската компанија неодамна објави извештај за присуството на овој нов вирус. Тој веќе нападнал половина милион уреди во 54 земји низ целиот свет.

Од објавениот документ станува јасно дека „жртвите“ на вирусот најчесто се мрежни уреди, како што се рутерите.