Италијанското здружение на потрошувачи Altroconsumo денеска истакна дека го известил Apple дека против американскиот технолошки гигант поднелe тужба поради примена на планираната застареност на неговите телефони.

Во изјавата, Altroconsumo истакна дека во својата тужба бара надомест на штета во износ од 60 милиони евра, во името на италијанските потрошувачи, кои биле измамени од споменатата практика на компанијата Apple, а која ја препознаа и италијанските власти.

Altroconsumo посочува дека тужбата ги покрива сопствениците на iPhone 6 и 6 Plus, 6S и 6S Plus моделите, чија продажба во Италија вклучува околу милион смартфони помеѓу 2014 и 2020 година.

Две слични тужби против Apple се покренати во Шпанија и Белгија, а се однесуваат на планираното застарување на iPhone моделите.

Европската асоцијација на потрошувачи Euroconsumers, која ги координира трите тужби, истакнува дека планира да почне правна акција и во Португалија во следните недели.