Убава вест за фановите на Apple доаѓа во вид на информација дека компанијата изгледа работи на свој лаптоп што ќе има поддршка за 5G.

Според информациите на Bloomberg, Apple развива MacBook со 5G поддршка. Меѓутоа, истиот извештај сугерира дека споменатиот лаптоп нема да биде достапен во блиска иднина.

Не е позната причината поради која ќе мораме подолго да чекаме на објава на 5G MacBook, но секако ќе биде интересно да се види Mac лаптоп со 5G конекција. Можно е дека Apple сака да помине некое време, за да види која од двете 5G варијанти ќе биде попопуларна, со цел поддршката да ја имплементира во MacBook.

Бидејќи нашите паметни телефони и таблет уреди можат да се поврзат на интернет преку мобилна врска, интересно е прашањето зошто оваа опција не е толку достапна и за преносните компјутери. Постојат лаптопи кои ја поддржуваат мобилната мрежа, но не се толку чести како што може да се мисли, иако предностите на ваквите уреди се очигледни.