Во редот на евтини паметни телефони со целосен екран, од пред извесно време се најде и новиот Ulefone S9 Pro. Овој нов модел е со 5,5-инчен дисплеј со формат на екранот од 18:9, двојна главна камера со резолуција од 13 мегапиксели и отклучување со скенер на лице или отпечаток од прст. Новиот модел е веќе достапен за купување и тоа по прилично евтина цена – 100 долари.

Ulefone S9 Pro е опремен со 5.5-инчен дисплеј со широк екран со резолуција од 1440×720 пиксели. Има quad-core процесор MediaTek MT6739, кој работи со брзина до 1.3 GHz. RAM меморијата е 2 GB, а вградената меморија – 16 GB со поддршка за microSD мемориски картички до 128 GB. Главната камера е двојна, со сензори со 13 и 5 мегапиксели. Капацитетот на вградената батерија е 3300 mAh. Производот може да се користи до 18 часа во разговор или 7 часа гледање видео. Истиот работи со Android 8.1 Oreo.

Новиот Ulefone S9 Pro е веќе достапен за купување на AliExpress за 99,99 долари.