Компанијата за анализа на пазарот, GamingSmart во својот извештај објави дека на крајот на декември, речиси две третини од пазарот ѝ припаѓаат на конзолата Sony PlayStation 5.

Компанијата Sony продалa 4,48 милиони примероци од конзолата, наспроти 2,4-милиони од xBox Series X на Microsoft. Во скоро сите анализирани 167 земји, Sony го надминал Microsoft (поточно, во 155 земји).

Сепак, Microsoft доминира на пазарот во САД и Кина. Во Америка односот е 50,18 отсто спроти 49,82 проценти, а во Кина – 62,27 наспроти 37,73 отсто.