Виртуелниот асистент на Apple е дефинитивно една од најзначајните иновации на компанијата на пазарот на паметни телефони. Користењето говорни команди за контрола на паметните телефони е иновативна идеја која заштедува време и е особено корисна кога сме во движење, пишува Digital.bg

Siri веќе се етаблира како составен дел од iOS екосистемот и подлежи на постојани ажурирања кои додаваат уште повеќе контекст, но и забавни изрази во базата на податоци за говорни услуги. Огромната популарност на Siri го принуди Google да развива свој конкурент на оваа функционалност за паметните телефони со Android.

Ова е доволно добар пример за успехот на Siri, кој сега стана извор на правни проблеми за Apple. Кинеска компанија Zhizhen Network Technology поднесе тужба против технолошкиот гигант под обвинение дека Siri ја повредува нивната интелектуална сопственост.

Главната активност на Zhizhen Network Technology е креирање на виртуелен систем со вештачка интелигенција. Адвокатите на компанијата тврдат дека Apple ги копира клучните технологии во својот асистент Siri.

Обвинението се заснова врз основа на тоа дека техничката архитектура што ја користи Siri е идентична со онаа на развој на софтвер на Zhizhen Network Technology. Всушност, односите меѓу двете страни се затегнати од март 2013 година.

Проблемот беше разгледуван многу пати во текот на годините, но заради големото влијание на Apple, регулаторите не презедоа никакви релевантни мерки, тврди самата тужба. Кинескиот производ тврди дека „сите уреди“ во портфолиото на Apple нелегално користат уникатен патент на Zhizhen Network Technology.

Тие тврдат дека тоа всушност е личниот асистент Xiao-i, кој се користеше како chatbot во MSN и слични услуги, а потоа се интегрираше во Android и iOS. Излезе дека кинеската компанија го патентирала патентот уште во 2009 година, додека презентацијата на Siri била две години подоцна.

Правниот тим на Zhizhen Network Technology бара финансиска компензација и стопирање на продажбата на сите производи на Apple кои ја користат нивната интелектуална сопственост без соодветна дозвола.