Саемот Mobile World Congress 2019 се приближува, а компаниите се повеќе се „тркаат“ со најавите за своите претставувања за време на конференцијата која ќе се одржи во Барселона кон крајот на февруари.

На компаниите кои досега го потврдија своето учество (Sony, Xiaomi, LG, Huawei и Oppo), им се придружи и HMD Global со новите Nokia модели, која своите смартфони ќе ги претстави на 24. февруари.

Колку што засега е познато, на MWC во Барселона може да се очекува претставување на моделот Nokia 9 PureView, првиот паметен телефон со пет камери на задната страна.

Уредот досега беше честа тема на бројни шпекулации. Но сега е направено и видео кое го прикажува неговиот систем од пет камери.

PureView нема засек (notch) на врвот на екранот, а би требало да го користи оперативниот систем Android One.

Како што најавуваат од компанијата HMD Global, постои можност за livestream пренос од презентацијата, за оние кои не се во можност да бидат дел од настанот во Барселона.

Извор: B92.net