Неодамна се дозна дека LG нема да го претстави предводникот G7 на мобилниот конгрес во Барселона, а наместо него компанијата ќе промовира нова верзија на минатогодишниот V30. Благодарение на корејското издание ETNews, дознаваме однапред детали за уредот што подоцна ќе се појави на пазарот во источната земја.

Паметниот телефон ќе се вика V30s и во голема мера ќе биде идентичен со V30, но сепак ќе има некои разлики. Така на пример вградената меморија ќе биде зголемена до 256GB, а освен тоа двојната камера ќе биде дополнета со систем со вештачка интелигенција.

Системот се нарекува LG Lens и ќе обезбеди функции како препознавање на објекти (вклучувајќи пребарување на стоки и онлајн шопинг) превод од странски јазици, скенирање на бар кодови и дури додадена реалност преку прикажување на детали за објекти од околината.

Сето ова потсетува на Bixby Vision на моделите Samsung. Цената на смартфонот во Јужна Кореја ќе биде над 1 милион вона (750 евра), а продажбите во земјата може да започнат на 9 март, што ќе го постави во директен судир со Samsung Galaxy S9. Се уште не е јасно дали уредот ќе се продава на други пазари.