Доколку веќе не беше јасно од неодамнешната објава на Samsung дека Galaxy S21 Ultra ќе има поддршка за S Pen паметното пенкалце, тоа сега е дефинитивно потврдено.

FCC пријавата за Samsung SMG998B (Galaxy S21 Ultra), кој е во фаза на тестирање, ја прикажа поддршката за „stylus уред“ со оперативен распон помеѓу 0.53MHz и 0.6MHz.

Сега имаме дополнителна потврда дека Galaxy S21 Ultra ќе има поддршка за S Pen, кога ќе биде објавен на 14. јануари. Останува да се види дали јужнокорејската компанија креирала нов S Pen или ќе го користи истиот од Galaxy Note20 Ultra моделот.

FCC, исто така, укажува на безжично делење на енергијата на Galaxy S21 Ultra, што значи дека може да ги полни безжични слушалки (како Galaxy Buds Pro моделот, кој се очекува со Galaxy S21 серијата).