Моментниот флегшип таблет на компанијата Samsung е 10,5-инчниот Galaxy Tab S6, кој беше претставен во август 2019. година, а според последните информации компанијата планира Galaxy Tab S6 да го замени со дури два нови модела. Кодните ознаки на моделите кои овие денови можат да се најдат на интернет гласат SM-T970 и SM-T875. Наведените уреди имаат само поддршка за Wi-FI, па во следните денови може да се очекува и проширување на оваа листа.

Треба да се очекува нов и побрз чипсет, поголема количина на RAM меморија и повеќе простор за складирање. Но, она со што Samsung би можел да ги изненади потенцијалните купувачи се големината на екранот и името на новата серија таблет уреди. Според изворот, Samsung ќе тргне по стапките на Apple и во својата понуда ќе воведе уреди со поголема дијагонала на дисплејот.

Таблетот SM-T970 би требало да пристигне со екран со дијагонала од 12,4 инчи, а SM-T875 со дисплеј од 11 инчи. Деталните спецификации во овој момент не се познати, па не можеме да ви откриеме со каква резолуција ќе располагаат екраните. Но, ако може да се суди според минатогодишниот Galaxy Tab S6 модел, резолуцијата на екранот не би требало да биде пониска од 2.560 x 1.600 пиксели.

Второ изненадување е името на идната серија. Наводно ознаката S20 пристигнува и на таблет уредите, поради што името на новите таблет уреди за 2020. година би требало да гласи Galaxy Tab S20. Причина за тоа е жалбата на производителот меѓусебно да ги усклади имињата на телефоните и таблетите. Но, тоа би можело да значи и дека новите уреди ќе донесат позначителен технолошки напредок во однос на минатогодишниот модел, па мачата ревизија на имињата од Galaxy Tab S6 во Galaxy Tab S7 не би била соодветна.