Samsung официјално го претстави Galaxy A21s, кој пристигнува со сличен дизајн како Galaxy A21 моделот, но со подобри камери, повеќе опции за RAM и 5000mAh батерија.

Смартфонот користи 6.5-инчен HD+ Infinity-O дисплеј, со 20:9 однос на страници и 13MP селфи камера. На задната страна се наоѓаат четири камери, поставени во L формат: 48MP (f/2.0 главна) + 8MP (f/2.2 ултраширока) + 2MP (f/2.4 сензор за длабочина) + 2MP (f/2.4 макро). Одзади е сместен и сензор за отпечатоци од прсти.

Смартфонот го покренува осмојадрен CPU (најверојатно Exynos 850 чипсет). Достапни се 3GB, 4GB и 6GB RAM, како и 32GB и 64GB простор за складирање податоци.

Оперативниот систем е Android 10, со OneUI 2.0 кориснички интерфејс. Уредот го напојува 5000mAh батерија, со поддршка за 15W полнење.

Samsung Galaxy A21s ќе биде достапен во црна, бела, сина и црвена боја. Телефонот ќе се најде на пазарот од 19. јуни, по почетна цена од 200 евра.