Според новиот извештај на веб-страницата GalaxyClub, Samsung можеби нема да понуди позначајна надградба на камерата за својот Galaxy S22 Ultra телефон и би можел повторно да го користи хардверот од S21 Ultra моделот.

Извештајот појаснува дека Samsung ќе ја задржи главната камера од 108MP, заедно со 10MP перископ со 10x зум, 10MP телефото модул со 3x зумирање и 12MP ултра-широка камера.

Претходно, се појавија спецификациите за Galaxy S22 серијата телефони, а откриен е и системот на камери за стандардните S22 и S22+ телефони. И двата ќе го користат новиот 50MP RGBW сензор, заедно со 12MP телефото со 3x оптички зум и ултраширок сензор од 12MP.

GalaxyClub ги потврдува овие извештаи и додава дека двата помали Galaxy S22 модели ќе добијат поголеми надградби на камерите во однос на своите претходници.