Главните карактеристики на Samsung Galaxy Buds Pro слушалките се појавија пред нивната официјална објава

Претходните извештаи сугерираа дека слушалките би можеле да пристигнат со функции како што се 3D просторен звук, следење на движењата на главата и детекција гласот, а тоа сега го потврди и доверлив дојавувач.

Дојавувачот Ishan Agarwal во соработка со сајтот 91Mobiles сугерира дека слушалките ќе имаат 11mm бас драјвер и 6,5 мм коаксијални двострани звучници. Уредот ќе нуди стивнување на вревата до 35dB и ќе има двојна конекција, што значи дека слушалките ќе можат да се поврзуваат на два уреда истовремено.

Покрај тоа, според наводите на дојавувачот, Galaxy Buds Pro true wireless stereo (TWS) слушалките ќе имаат IPX7 заштита од вода и работен век на батеријата до 28 часа.

Се очекува Galaxy Buds Pro слушалките да бидат објавени со Galaxy S21 серијата телефони, кон средината на јануари.