Платформата за онлајн видео повици, Zoom ги отстрани ограничувањата за бесплатната верзија на софтверот за време на празничната сезона, со цел да им помогне на семејствата ширум светот безбедно да се социјализираат за време на пандемијата.

Бесплатните профили на Zoom се ограничени на јавувања долги 40 минути, кои завршуваат веднаш при достигнување на рокот. Но, од Zoom соопштија дека тие ограничувања ќе бидат стопирани за наредните две недели, особено за Нова Година.

„Како знак на благодарност кон корисниците во овие необични времиња, ние ја отстрануваме границата од 40 минути на бесплатните Zoom профили на глобално ниво“, соопштија од компанијата.

Ваквата одлука беше поздравена од здравствените експерти кои апелираат собирите да се одвиваат со потребното физичко растојание и покрај тоа што британските власти ги опуштаат мерките за празниците.