Oppo A55s 5G е забележан на неколку веб-страници за сертификација, што сугерира дека неговото лансирање би можело да биде многу брзо. Наводниот паметен телефон на Oppo беше забележан на бенчмарк страницата Geekbench со број на модел CPH2309. Овој 5G телефон треба да дојде како наследник на неодамна претставениот Oppo A55. Уредот се појави и на веб-страницата за сертификација Bluetooth SIG. Телефонот, наводно, може да се види и на сајтот на FCC и на веб-страницата на TUV Rheinland за сертификација.

Oppo A55s е забележан на Geekbench со 1.592 поени при тестирање со повеќе јадра. Телефонот освои 510 поени на тестирање со едно јадро. Според листата на Geekbench, Oppo A55s би можел да работи на Android 11 и ќе го покренува осумјадрен чипсет на Qualcomm. Наведено е дека процесорот има две јадра за перформанси со максимална брзина од 2,04 GHz и шест јадра со максимална брзина од 1,8 GHz. Oppo A55s има и 4GB RAM.

Рендерите ни доаѓаат од страницата 91mobiles. Очекуваниот Oppo A55s се наоѓа и на Bluetooth SIG со два броја на модели – A102OP и CPH2309. Листингот сугерира дека телефонот ќе пристигне со Bluetooth v5.1. Листата на bluetooth страници покажува и поддршка за четири 5G опсези (n3/28/77/78).

Покрај тоа, според извештајот на MySmartPrice, Oppo A55s е виден и на FCC листата и на страницата за сертификација на TUV Rheinland, што укажува на батерија од 3,890 mAh и поддршка за брзо полнење од 18 W.

Oppo A55s се очекува да пристигне како надградба за Oppo A55, кој дебитираше во октомври оваа година.