Кога на Netflix гледате некоја интензивна серија како што е Narcos, можеби во некој момент ќе сакате да го прескокнете воведот. Меѓутоа, за тоа не постои лесен начин кога Netflix го гледате на веб, туку морате рачно да го прескокнувате времето.

Но, тоа повеќе не морате да го правите, благодарение на Netflix Extended апликацијата за Chrome, која ги отстранува воведите и рекапитулациите на претходните епизоди.

И не само тоа, оваа екстензија доаѓа и со кратенки на тастатурата, за максимално да ви го олесни уживањето во омилените серии и филмови на веб.

Еве некои корисни кратенки, кои сигурно ќе сакате да ги користите:

– Следна епизода: N
– Претходна епизода: B
– Засилување на звук: Стрелка нагоре
– Намалување на звук: Стрелка надолу
– Почнете случајно видео од екранот за пребарување: R

Покрај кратенките на тастатурата, екстензијата доаѓа и со неколку корисни функции, како што е паузирање на видеото, кога ќе преминете на некој друг таб.