YouTube функцијата на поглавја е една од најкорисните функционалности што оваа социјална мрежа некогаш ја додала. Обично луѓето би морале да додадат прилагодени временски ознаки во описот под посебно долгите видеа, но YouTube ги олесни работите со поглавјата. Проблемот е во тоа што креаторите на содржини мораат рачно да го додадат на своите видеа, а кога каналот има стотина видео записи, тоа не е лесна задача.

YouTube сега објави дека почнал тестирање на новиот алгоритам на машинско учеење кој ќе проба автоматски да им додаде временски ознаки на видеата. Информациите за тестот можат да се најдат на официјалната страница на експериментите на YouTube.

По овој повод се огласи компанијата YouTube: „Тестирање на автоматски видео поглавја: Сакаме на луѓето да им ја олеснииме навигацијата во видеата со помош на видео поглавја, па експериментираме со автоматско додавање на поглавјата (така што креаторите не мораат рано да додаваат временски ознаки. Машинското учење ќе го користиме за препознавање на текст, за автоматски да генерираме видео поглавја. Ова го тестираме на мала група видео снимки. Ако тоа влијае на вашите видеа, можете да го оневозможите овој експеримент и/или да споделувате повратни информации“.