Windows Area (преку MS Power User) тврди дека Surface Duo ќе пристигне во Германија на пролет 2021. година. Уредот веројатно ќе стигне и на другите лучни европски пазари во втората половина на следната година.

Британските оператори BT и EE очигледно веќе склопиле договор со Microsoft да го продаваат кога и да се појави. Уредот наводно ќе биде достапен и во Канада и Јапонија во 2021. година.

Microsoft сака да игра само на сигурно со Surface Duo. Компанијата сакаше да ја процени побарувачката во САД пред објавувањето на уредот на меѓународните пазари и беше загрижена околу производството, бидејќи произведуваше повеќе примероци од што можеше да продаде.

Duo зазема едно од местата на листата на TIME на најдобрите изуми на годината, благодарение на обликот како лаптоп. Иако дизајнот е атрактивен, софтверот е се уште во развој. Да не зборуваме за спецификациите. Surface Duo веќе беше во заостаток кога беше објавен во септември. Го покренува Snapdragon 855 чипсет, кој до доаѓањето во Европа и на другите пазари следната година би бил стар четири генерации, ако се земат во обзир и освежувањата од средниот циклус.

Има само еден камера сензор, од 11MP и не нуди 5G поврзување, безжично полнење, NFC и заштита од вода.

Основниот модел со 128 GB простор за складирање чини 1400 долари, а иако уредот поддржува Surface Pen, ќе морате да го купите одвоено.

Ако ова ви звучи прескапо, имајте на ум дека европските, канадските и јапонски потрошувачи веројатно ќе мораат да платат уште повеќе поради увозните давачки и даноци.