Иако Galaxy Note линијата на Samsung традиционално се објавува кон крајот на летото, веќе имавме некои рани протечени информации за уредот. Сега се појавија фотографии кои укажуваат на можниот дизајн на следниот Galaxy Note модел.

Според она што го покажуваат фотографиите на калапот за официјалниот Galaxy Note20 LED View Cover, а кои ги објави дојавувачот Roland Quandt, следниот премиум Note модел ќе има правоаголен модул за камерите на задната страна. Овој модул е сличен на оној што се наоѓа на Galaxy S20 Ultra телефонот, а доколку Samsung биде доследен, Note20 ќе го има истиот систем.

Отворите за копчиња на куќиштето се сместени од десната страна, за разлика од Galaxy Note10 линијата кај која се сместени од лева страна.

Единствените протечени детали кои досега ги имавме за Galaxy Note20 линијата, сугерираат дека ќе користи Snapdragon 865 чипсет и освежување на екранот од 120Hz.