Јапонската компанија конечно ја најави премиерата на новата генерација на една од најпопуларните конзоли на светот – PlayStation 5.

Од компанијата Sony минатата недела го одложија планираниот онлајн настан за презентација на новиот PlayStation 5, поради организираните протести ширум САД

Компанијата го објави новиот датум, а претставувањето ќе се одржи на 11 јуни.

Целото внимание ќе биде посветено на новата едиција на PlayStation конзолата која многумина ја оценија како „иднината на гејмингот“.

На настанот ќе бидат презентирани вести околу техничките можности на PS5 како кои нови игри ќе бидат достапни на пазарот, а ќе можат да се играат на овој уред.

Се претпоставува дека хорор акцијата Resident Evil 8 ќе биде претставена на настанот.

Од компанијата најавија дека планираат настанот да се прикажува на нивниот Јутјуб канал, но и преку социјалната мрежа Твитер.