Huawei тивко го објави новиот телефон под името Huawei P Smart 2021. Смартфонот е достапен на неколку европски пазари, по малопродажна цена од околу 200 евра.

Од предната страна, Huawei P Smart 2021 има 6.67-инчен LCD екран си FHD+ резолуција. Ова и првиот Huawei телефон што пристигнува со центриран punch-hole отвор за предната камера.

На задната страна се наоѓаат четири камери: 48MP главна, 8MP ултраширока, 2MP макро и 2MP сензор за длабочина. Од предната страна е сместена 8MP селфи камера.

Уредот го покренува осмојадрен Kirin 710A чипсет, во комбинација со 4GB RAM и 128GB простор за складирање, што може да се прошири до 512GB преку microSD картичка.

Сето ова го напојува 5000mAh батерија, со поддршка за 22.5W Huawei SuperCharge полнење. Сензорот за отпечатоци од прсти е сместен од страна на рамката, а присутен е и 3.5 мм приклучок.

Huawei P Smart 2021 се испорачува со EMUI 10.1, заснован на Android 10 (AOSP верзија), а ќе биде достапен во Crush Green, Blush Gold и Midnight Black верзии.