OnePlus неодамна објави дека OnePlus 8T телефонот ќе добие специјална верзија, која ја промовира новата Cyberpunk 2077 игра, а ќе се појави до крајот на годината.

Сега дојавувачот @DigitalChatStation укажува на докази за тоа дека кинеската компанија планира да го објави и Cyberpunk 2077 Edition за OnePlus Watch паметниот часовник. Фотографијата која се појави онлајн, покажува црн ремен со жолти акценти, што наводно е дел од носечкиот уред. Ременот има и OnePlus и Cyberpunk брендирање, иако се уште не знаеме како ќе изгледа паметниот часовник.

OnePlus Watch е споменат дури неодамна, а минатата недела се појави информација дека ќе биде одложен поради застој во производството. OnePlus истакнува дека паметниот часовник ќе се појави наскоро.