Во последните месеци, има многу шпекулации за можноста Google да претстави свој сопствен паметен часовник. Уредот ќе биде дел од брендот Pixel и ќе работи под новата верзија на платформата Wear OS. Сепак, се испостави дека плановите на компанијата се сосема различни. Главниот директор на инженерскиот оддел, Мајлс Бар, потврди дека всушност, Google не планира да претстави сличен модел оваа година, пренесе Engadget.

Од изјавата дознаваме дека компанијата започнала преговори со други производители како што се Fossil и Casio да се претстави нова серија на часовници со Wear OS. Во исто време Мајлс Бар не ја отфрли можноста Google да покажат Pixel Watch во 2019 година, но сепак навести дека водечки акцент е да се подобрат оптимално можностите на софтверот. Партнерствата со други производители ќе бидат клучни за постигнување на оваа цел и може да му дозволат на Google да доминира во овој сегмент долго време.

Ве потсетуваме дека Qualcomm официјално ќе го претстави својот нов паметен часовник на 10-ти октомври. Во исто време Google е подготвен со најновата верзија на Wear OS. Ова значи дека ќе започнеме да гледаме атрактивни модели од водечките компании кои се многу помоќни и нудат повеќе можности за да комуницираме со нив. Google најверојатно ќе почека, бидејќи не сакаат да брзаат со премиерата на нивниот прв паметен часовник, кој може да се случи најрано во 2019 година.