Xiaomi оваа недела го претстави Mi Box 4S Pro, а во прашање е најновиот стриминг box со поддршка за декодирање видеа до 8K (во споредба со 4K на претходните модели). Покрај тоа, уредот има HDMI 2.1 поддршка, додека дизајнот е сличен на претходните Mi Box уреди.

Mi Box 4S Pro има AV port, HDMI порт, USB порт и порт за напојување на задната страна. Достапни се 2GB RAM и 16GB простор за складирање, додека софтверот е MIUI For TV. Со кутијата пристигнува и Bluetooth гласовен далечински управувач, а тука е и dual-band Wi-Fi поддршката..

Покрај тоа, кинеската компанија претходно го претстави и Mi Box 4S, со 2GB RAM и 8GB простор за складирање, 4K HDR видео поддршка, HDMI 2.0 и 1.5GHz четиријадрен Amlogic процесор со Mali-450 GPU.

Mi Box 4S пристигнува по цена од околу 45 долари, додека Mi Box 4S Pro ќе биде достапен во текот на ноември, по цена од околу 60 долари. Засега нема информации за глобалната објава на Mi Box 4S (Pro) уредот.