Како што и се очекуваше, второто тримесечје од 2020. гоидна беше значајно помалку профитабилно за производителите на телефони во споредба со истиот период во 2019. година. Вкупно гледано, во текот на вториот квартал оваа година се испорачани 20,4 проценти помалку телефони (294,7 милиони) во споредба со минатогодишното второ тримесечје (370,3 милиони), според статистиката на сајтот ComprarAcciones.

Во врвот немаше драстични промени. Samsung и Huawei имаа 20 проценти пазарен удел, додека Apple имаше 13,5 отсто удел на пазарот. Samsung испорача 54,7 милиони смартфони (наспроти 75,1 милиони од истиот период минатата година/60 милиони од првото тримесечје во 2020). Huawei испорача 54,1 милиони телефони (во споредба со 58 милиони од 2019. година), а Apple во текот на второто тримесечје оваа година испорача 38,3 милиони телефони, со што речиси го израмни минатогодишниот резултат кога испорача 28,5 милиони уреди.

Остатаокот од листата на брендови со најголема испорака на телефони го сочинуваат Xiaomi, кој држи 10,7 проценти од пазарот и Oppo со 8,6 проценти од пазарниот удел. Realme е единствениот бренд што остварил двоцифрен раст во однос на вториот квартал од минатата година, со 11 проценти.

Според податоците на Omdie, iPhone 11 е најпродаваниот телефон во првата половина на 2020. година, со 37,7 милиони продадени примероци. На второто место е Galaxy A51 (11,4 милиони), а потоа следуваат Redmi Note 8 и Note 8 Pro.