Според FTC, Qualcomm со својата политика директно влијаеше на неповолната положба на конкуренцијата

Американската федерална трговска комисија FTC оваа година покрена судска тужба против еден од најголемите производители на мобилни чипови Qualcomm, поради како што наведува, противривалско однесување. Не требаше долго да се чека, конкурентските производители на чипови, Intel и Samsung на суд да ги упатат своите изјави во кои ја поддржуваат тужбата, со тврдење дека Qualcomm на нечесен начин ги користи своите патенти да се задржи на врвот на индустријата на мобилни процесори

Intel на својот блог објасни поради што ја поддржува тужбата, велејќи дека Qualcomm со својата мрежа на патентни и комерцијални пракси субверзивно делува на конкуренцијата. Samsung, пак, изјавува дека причината поради која нема да ги видите нивните Exynos чипови во уреди на други компании  (освен  Samsung) лежи во тоа што Qualcomm одби да ја лиценцира потребната технологија.

Првото сослушување во врска со овој случај е закажано за 15. јуни оваа година.