Во новиот тест кој почна пред неколку дена, Google сака да провери како ќе работи новата опција која се имплементира во нивниот попуалрен алат Google Maps.
Како засега стојат работите, оваа опција ќе биде функционална само во Соединетите Американски Држави, каде се одржува и тестот. Во прашање е прикажување на активностите на семафорите преку Google Maps.
Како што е речено, Google почна со тестирање на прикажување на состојбата на семафорите низ апликацијата Google Maps. Можно е дека ова уште една тест фаза во низа, а не и ветување дека на крајот ќе ја доживее светлоста на денот за сите корисници. Имено, оваа функција ќе можат да ја испробаат само жителите во неколку градови во САД, и тоа исклучиво преку Android апликација.
Google Maps не е прва апликација која почна мапирање на семафори во Соединетите Американски Држави. Тоа прв го сакаше Apple, со својата апликација Apple Maps и iOS 13. Дигиталниот асистент Siri дури и ги интегрира во своите насоки. Google Maps се уште нема да ги користи семафорите како дел од насоките за правец, најавено е од компанијата. Ова не е прв обид на Google да ги интегрира семафорите во Google Maps, но делува како огромен чекор. Градовите во кои ќе биде тестирана опцијата се Њујорк, Сан Франциско, Лос Анџелес и Чикаго.