Winamp одлучи да продаде незаменлив токен (NFT) за оригиналниот графички интерфејс на својот медиа плеер од 1997 година.

Со овој потег, Winamp станува уште една во компаниите во низа кои комбинираат носталгија со крипто елементи. Winamp ќе го понуди својот NFT на аукција преку платформата OpenSea помеѓу 16 и 22 мај. Сите приходи ќе бидат наменети за Winamp фондацијата и за добротворни донации.

Покрај тоа, ќе има и посебна продажба на NFT од 1997 година, врз основа на уметнички дела добиени од оригиналниот интерфејс, а креирани од самите корисници. Уметниците ќе добијат 20 отсто од продажбата на овие NFT, како и 10 отсто од сите последователни продажби.

Клиентите ќе добијат блокчејн токен, поврзан со слика на оригиналниот „скин“ или еден од неговите деривати, што е чест систем за NFT. Клиентите прво ќе треба да ја „копираат, репродуцираат и прикажуваат“ сликата, но нема да имаат право на сопственост врз неа.