Кај пребарувачот на Google Chrome е откриена нова ранливост, која може да доведе до целосно “замрзнување“ на уредите кои работат на Windows 10.

Новиот пропустот бил откриен во рамките на измама, која личи на лажнa техничка поддршка, и предизвикува “замрзнување“ на Windows 10, и потоа корисникот добива известување дека уредот е под влијание на вирусот.

Нов пропуст користи JavaScript код, кој ги спречува затворање на некој таб или пак на целиот прелистувач. Пораката што потоа се прикажува на екранот изгледа како дел од Microsoft поддршка, и го информира корисникот дека уредот е заразен и дека тоа е вирус кој може да се земе лозинки, историјата на прелистување, информации за кредитна картичка и други лични податоци.

Измамата делува ккао безопасно предупредување за нов вирус, и корисниците можат да ја препознаат по тоа што нема да можат да затворат посебен таб.

Доколку се судрите со овој феномен на вашиот компјутер, единствениот начин да се ослободи од него е рачно да го затворите Google Chrome, или да отворите Task Manager, кликнете на табулаторот процеси,потоа Google Chrome (или GoogleChrome.exe), и на крај да кликнете во копчето “Заврши задача“ во долниот десен агол на прозорецот.