Во текот на последните неколку години, Oppo беше предводник на полето на технологијата за полнење на паметните телефони. Најсвежата технологија на компанијата е 65W SuperVOOC 2.0. Сега Oppo најавува дека на 15. јули ќе ја претстави 125W технологија на брзо полнење, но не е откриено кој телефон прво ќе ја имплементира оваа опција.

Oppo не објави колку време ќе биде потребно батеријата, на пример од 4.000mAh, да се наполни од 0-100% со помош на 125W технологија на брзо полнење. Со оглед на тоа дека на актуелната 65W технологија на полнење за ова и се потребни под 45 минути за батеријата на Find X2 моделот, новиот полнач би требало да биде значајно побрз.

Интересно е дека и Realme ја најави објавата на својата технологија на брзо полнење од 120W за своите смартфони.