ViewSonic го претстави 21,5-инчниот Full HD IPS монитор, под името VA2256-MH, кој го карактеризираат тенки рамки од трите страни и достапна цена од само 89 евра.

Full HD IPS панелот од 21,5-инчи има SuperClear технологија на корекција на сликата, која ги подобрува перформансите на високите репродукции на бои. Споменатите тенки рамки овозможуваат мониторот да биде корисен за употреба на multi-display апликации.

Мониторот го одликуваат технологиите кои ги штитат очите, како што се”blue light filter” и “flicker-free”, а тука се и шест ViewMode пресет модови, оптимизирани за секоја сцена: Game, Movie, Web, Text, Mono и Mac.

Главните каракетристики на ViewSonic VA2256-MH мониторот се 250 cd/m² осветлување, агли на гледање од 178 степени, 1000:1 контраст, одзив од 5ms и максимален приказа на 16,77 милиони бои.

Мониторот има HDMI 1.4 x1, D-Sub x1, 3.5mm x1 приклучоци и вградени 2W x2 стерео звучници. Присутен е 100 x 100mm VESA mount, а тежината на мониторот е 3,3 килограми.