С еочекува дека Samsung ќе ја претстави 5G верзијата на Galaxy Z Flip флексибилниот телефон заедно со Note20 линијата и заедно со Fold 2, во текот на Unpacked настанит, кој ќе се одржи на 5. август. Во меѓувреме, Galaxy Z Flip од втората генерација се појави на Geekbench.

Geekbench листингот открива некои од главните спецификации на Galaxy Z Flip моделот, а ова вклучува Snapdragon 865 чипсет и 8GB RAM.

Телефонот ја носи ознаката на модел SM-F707B, а на бенчмарк тестот успеа да оствари 970 поени во single-core тест и 3220 поени во multi-core тест. Телефонот ќе работи на Android 10, преку кој најверојатно ќе оди Samsungov One UI 2.5 кориснички интерфејс.

Според гласините, Samsung ќе го претстави Galaxy Z Flip 5G во нова браун боја. И претходната 3C сертификација откри дека телефонот ќе се испорачува со истиот 15W полнач како и неговиот претходник.